Тунискиот претседател Каис Саид изјави дека ќе свика уставен референдум во јули, една година откако презеде широки овластувања, што неговите политички противници го нарекоа државен удар.

Тој додаде дека парламентарните избори ќе се одржат кон крајот на 2022 година. Саид прецизираше дека референдумот ќе се одржи на 25 јули. Тој ден се одбележува Денот на Републиката во Тунис и годишнината кога Саид ненадејно ја прекина работата на парламентот, го отпушти премиерот и ја презеде речиси целосната извршна власт.

Претседателот на Тунис истакна дека ќе ангажира експертски одбор за изработка на нов устав, што треба да биде готов до јуни, пред одржувањето на референдумот.