Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е позитивен на коронавирусот, откако, како што претходно беше соопштено, имал контакт со лице позитивно на Ковид-19.
„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Согласно епидемиолошките мерки се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски“, соопштија синоќа од кабинетот на Ѓукановиќ. Тој вчера ги откажа сите службени обврски, а во јавните настапи ги почитуваше мерките за сузбивање на коронавирусот, носеше маска и држеше на дистанца. Како што претходно беше соопштено од Кабинетот, Ѓукановиќ е вакциниран против коронавирусот.