Кенискиот претседател Вилијам Руто во рамки на неговата посета на Кина овој месец, планира да побара од Пекинг заем од една милијарда американски долари за финансирање на прекинатите проекти за патишта.

Според националните медиуми, Руто ќе побара одложување на наплатата на тековните државни долгови и отворање нови кредити.

Заменик-претседателот на Кенија, Ригати Гачагуа рече дека претседателот ќе бара и продолжување на рокот за плаќање на долгот кон Кина, кој надминува осум милијарди долари.

Тој нагласи дека може да им платат на изведувачите само доколку добијат нов кредит од милијарда долари од Кина.

„Ако го добиеме кредитот, патиштата ќе бидат завршени“, рече Гачагуа.