Казахстанскиот в.д претседател, Касим Жомарт Токаев (66) победи на предвремените претседателски избори со своени 70,76 отсто од гласовите, соопшти денеска Централната изборна комисија на Казахстан.

Тој резултат од изборите не е изненадување, бидејќи Токаев беше избран за наследник на претседателот Нурсултан Назарбаев, кој неочекувано поднесе оставка во март.

Токаев рече дека ќе продолжи со политиката на Назарбаев, како и дека ќе бара совети од него за сите клучни прашања.

Назарбаев ја предводеше земјата речиси три децении откако доби независност по распаѓањето на СССР.