Претседателските избори во САД ќе се одржат кон крајот на 2020 година и познати се фаворитите за новимација од двете партии – Демократската и Републиканската, пишува Њујорк тајмс.
Американските избори, во повеќе наврати, се покажаа како целосно непредвидливи, а оние кои поддржуваат помалку популарни кандидати, често истакнуваат дека доказ за тоа е изборот на Доналд Трамп за американски претседател.
Меѓу демократите, 18 кандидати се натпреваруваат за претседател на САД, додека кај владејачките републиканци се натпреваруваат само тројца кандидати, вклучувајќи го и актуелниот претседател.
Најголеми шанси меѓу демократите имаат Џо Бајден (77), Елизабет Ворен (70), Берни Сандерс (78), Пит Будиџиџ (37) и Мајкл Блумберг (77), а меѓу републиканците Џо Волш (57) и Вилијам Вајлд (74).
Куси биографии на демократите
Џо Бајден во трката за номинација влезе во април годинава. Осум години беше потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама. Во Сенатот мина 36 години. Но, токму тоа е меч со две острици, со оглед на тоа дека се води полемика дали да се избере ново или познато лице.
Бајден дефинитивно е најпопуларен меѓу демократите, но и најопасен за Трамп. МУ забележуваат што во минатото се дружел со сегрегационисти и сексуални злоставувачи и што имал „проблематични ставови“ за абортусот.
Елизабет Ворен, сенаторка од Масечусетс, предводничка на либералната струја во партијата и жесток критичар на Волстрит. Таа е една од најзаслужните за основање на Федералното биро за заштита на потрошувачи по финансиската криза во 2008 година.
Таа важи за една од најсилните кандидати, покрај другите двајца ветерани, Бајден и Сандерс.
Барни Сандерс, сенатор од Вермонт, загуби во трката за претседателска номинација од Хилари Клинтон во 2016 година, но одлучи повторно да учествува во борбата. Средства за кампањата собира исклучиво преку мали донации.
Во октомври преживеа срцев удар. На првиот собир, кој го организираше во Квинс после тоа, собра повеќе од 25 илјади луѓе.
Меѓу неговите предлози и ветувања се и бесплатна школарина во јавните училишта, минимална исплата од 15 долари за еден час работа и единствен систем на здравствена заштита.
Пит Будиџиџ, градоначалник на Саут Бенд во Индијана, се издигна од анонимен политичар до една од најсјајните идни ѕвезди од редовите на демократите, кој е многу популарен меѓу помладите избирачи.
Дипломирал на Харвард, зборува седум странски јазици и служен во Авганистан како резервист во американската морнарица. Доколку ја освои номинацијата, тој би бил првиот кандидат на некоја голема партија за претседател на земјата кој е хомосексуалец.
Мајкл Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, медиумски могул и милијардер, неодамна соопшти дека влегува во трката за претседателски кандидатура, иако во март изјави дека не го интересира номинацијата.
Блумберг, кој е осмиот најбогат Американец според листата на Форбс, ќе има предност во однос на останатите, бидејќи ќе може да да си ја финансира кампањата и да изнајмува персонал за изборниот штаб.
Куси биографии на републиканците
Републиканската партија е цел на критика, бидејќи голем број функционери тврдат дека практично е невозможена секаква конкуренција на Трамп. Сепак, претседателот ќе има најмалку двајца предизвикувачи – Џо Волш и Бил (Вилијам) Вајлд.
Џо Волш, поранешен конгресмен, стана еден од најгласните критичари на Трамп, за кого вели дека не е конзервативец, и дека е недостоен на функцијата. Освои место во Претставничкиот дом на КОнгресот во 2010 година, но две години подоцна изгуби од Теми Дакворт.
Бил Вајлд, некогашен гувернер на Масечусетс, беше кандидат на демократите за потпретседател на САД на изборите во 2016 година. Конзистентен критичар на Трамп, а кога годинава соопшти дека влегува во трката за номинација, изјави дека се игнорира гласот на американскиот народ и дека нацијата страда