Навистина, што стана со таа приказна? Како тоа после илјадници луѓе причестени за Велигден, бројката на позитивни од корона вирусот не расте, туку опаѓа? Го нема ни Филипче да објасни, а така остро го искара владиката Петар кога тој побара таквите како министерот да не се мешаат во црковните работи.
Истиот Филипче, и џавка муабет викан Караџоски, ни должат објансување за карантинот во текот на ланскиот Велигден. Овој Велгден немавме карантин, а еве после Велигден бројките константно опаѓаат. Настрана бројот на мртвите кој покажува дека имаме проблем со неспособноста системот навреме да ги преознае критичните пациенти и потоа да ги лечи, бидејќи има голем број држави кои процентуално имат ист број заразени како и ние, но многу помалку починати.
Како и да е, Филипче и Караџоски ни должат објаснување како тоа овој Велигден без карантин не донесе зголемување на заразата и како тоа после масовното причестувањето со едно лажиче (иако, не е јасно кој тоа и како дознал дека на Исус би му пречело причестување со пластични лажичиња за една употреба како што лани препорача за Руската црква нивниот поглавар Алексеј) бројот на заразени се намали, а не се зголеми. За пропагандистите во оваа смисла, т.н. загари кои лаеја за причестувањето, не вреди да се зборува. Загар си е загар! Но, објаснување секако ни е потребно!