Коле МАНЕВ

Мај е еден од најубавите месеци од годината. Мај е месец на пролетта месец полн со значајни празници. На 1-ви мај се слави Денот на трудот, кон крајот на месецов се оди во Рим каде се случуват денови во чест на светите солунски браќа Кирил и Методиј, во овој мај од 2021 година се смести и големиот христијански празник Велигден, Христовото раѓање. Во овој мај дојде и Курбан Бајрам, да не заборавиме дека не така одамна на 25-ти мај се величаше Денот на младоста, се носеа штафети низ градови и села, беше весело, некои во таквите настани ги направија првите чекори во своите политички кариери…

Но тоа сега преставува минато. Да се вратиме во почетокот на месец мај кога секоја година се бележат и други значајни историски потсетувања. Така, на 9-ми мај се празнува денот на Европа, поточно 8-ми и 9-ти мај се денови кои го бележат крајот на Втората светска војна, односно победа над фашизмот и нацизмот. Победите се важни токму затоа се бележат и слават бидејќи во нив е втиснато минатото истовремено на некој начин не упатуват кон иднината.

Во овој убав и сончев мајски ден нашава држава ја посетија Оливер Вархеи и Каролина Епштадлер, и двајцата високи функционери во ЕУ. Бидејки сите ние сме насочени кон иднината, а добивање датум за почеток на преговори со ЕУ е дел од нашата иднина, па така во разговорите со ценетите гости беше спомената и оваа тема. Одговорот на гостите беше дека ,,..за нештата тргнат во нагорна линија треба да се вратат во нормала“!

Ги следев реакциите на нашите политичари, од тие горе и од тие подоле и во нивните реакции видов дека не им е јасно што Вархеи сака да ни каже. Не разбираат што значи тоа дека работите треба да се вратат во нормала! Бидејки ценетите гости се пристојни и култивирани, ни дообјаснија дека тоа значи оти треба да го решиме проблемот со нашиот источен сосед! По ваквата изјава на Оливер Вархеи на нашите политичари и на многу граѓани од државава, минатото и иднината им се измешаа како фурнаџиско тесто, во кое не се знае каде завршува минатото, каде почнува иднината. Евентуалната наша победа во патот кон иднината се загуби во редовите од работите да се вратат во нормала.

Вакви политички и дипломатски ребуси не така одамна ни нудеа Јоханес Хан и шармантната Могерини кои во Нивици велеа: „Сменете го името и веднаш ќе добиете датум за преговори!“ Со тоа работите ќе дојдат во нормала и таквата состојба ќе значи и мала победа за нас, а победите не се делат на мали и големи.

Но, во Нивици се случи се, само не дипломатско чудо, па додека странците си играа политички жмурки, нашиве лебдеа во воздух. Заев и Димитров беа убедени дека со промена на името за себе и за нас ќе стекнат силна и величествена победа, беа убедени дека по Нивици светот ќе почне да се врти поинаку и работите ќе легнат во правична положба.

Во Нивици победа не се случи, од Преспа ни се испорача пораз, а сега по три години од Нивици одеднаш станува актуелна збунувачката изјава на Вархеи кога така директно ни посочи дека треба ,,работите да се вратат во нормала?“ Зарем забораваме, кога во Нивици го сменивме името на државата, нели тогаш ни беше ветен датум со тоа работите да се вратат во нормала? Од каде сега уште едно враќање во нормала и за која цел? Или можеби повторно ќе бидеме ставени на питачење пред европските порти овојпат пред тие на Бугарија за повторно работите се вратат во нормала!?

Од ваквите хаотични размислувања нашите политичари почнаа да се однесуват како обезглавени муви, еден почна да оди кон северна, друг кон јужна, трет кон источна страна односно кон не знам каде! Како и секогаш Заев реши да ги земе работите во свои раце, преку ноќ ја промени облеката, едно утро се појави во руво на војвода од Муртино и пред своите сопартици и соборци со раката на гради им вели: Одлучив да тргнеме кон Брисел и тамо конечно да ги ставиме работите во нормала.

Во престолнината на ЕУ, Заев со неговата искреност ги потресе сите присутни кога им рече: без заштита на нашиот идентитет и македонскиот јазик ние ќе се претвориме во прашина која ќе ја разнесува ,,ветрот“. Нашиот идентитет и македонскиот јазик не ги ставаме на маса за било какви преговори..! Содржајно, јако и силно нема што! Заев за кратко време во Брисел и во Струмица граѓаните почнаа да го препознават како силен војвода од Муртино. Тоа што мене ме збунува зошто заедно со Димитров вакви улоги не одиграа и во Нивици!?

Со Заев и неговата фаланга после толку историски и културни отстапници македонските работи се уште не се најдоа на нормалниот пат, во овој случај Заев повторно сака да ни одигра уште една ефтина драмолетка, измешана со проѕирен патриотизам, по просто кажано повторно сака да не изманипулира и излаже (знаеме Заев е мајстор за лажење) и под плаштот на идентитетот и македонскиот јазик во нејзината позадина се крие нешто сосема спротивно од враќање на работите во вистинската нормала. За толку посакуваната наша симболична победа за свлез во ЕУ уште долго ќе чекаме. Заев и тие околу него крајно време е да сватат еднаш кога ќе се симнат долните алишта под задникот (во Нивици тоа го направија) мувите одма ќе почнат да го плукаат. Со гол и исплукан задник напредок кон победа не се стекнува.