Саудискиот принц Мухамед бин Салман синоќа изјави дека случајот со убиениот новинар Џамал Кашоги е „мачен“ и оти „правдата ќе победи“.

– Убиството на Кашоги е гнасно злосторство што не може да се оправда, посочи принц Салман.

Тој во обраќањето на инвестицискиот Самит во Ријад истакна дека виновниците ќе бидат казнети, а Саудиска Арабија и Турција заедно ќе работат за „постигнување на резултати“.

Поради убиството на саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул некои меѓународни бизнис лидери го откажаа учеството на Самитот во Ријад