Еленко Миланов, адвокатот на поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“, зборуваше за неговиот клиент и за одлуката на судот да му се одреди мерка притвор.
Според Миланов ваквата одлука не е во склад со судот за човекови права и со конвенцијата за заштита на правата.
– Определуваме мерка притвор на човек кој беше постојано присутен, едвај се движеше и ги исполнува сите услови од мерките за претпазливост. Ова не во склад ниту со судот за човекови права и со конвецијата за заштита на правата. Пресудата на Бошковкси и Грјуовски е сосема легитимна пресуда и го почитува правото. Таа пресуда се заснова на други одлуки на судот за човекови права во Стразбур. Веќе има други пресуди на лица кои се аболицирани да не можат да бидат гонети, рече Миланов.
Во однос на аболицијата која беше дадена од страна претседателот, Миланов вели дека тоа го направил по своја проценка и тоа е негово уставно право.
– Претседателот на државата по сопствена проценка ја дал аболицијата од понатамошно гонење и ова е уставно дадено право на претседателот да тој може да даде помилување на осудени лица или овде е познато како помилување од кривично гонење. Аболицијата не ја дава собранието туку тоа дава амнестија. Аболицијата е исклучиво право на претседателот кој тоа го искористи и го даде. Аболицијата е одлука која нема право на жалба и која со своето донесување и објавување станува извршна и никаде не може да биде правно гонета, вели Миланов.
Тој посочи дека во судството и по промена на власта ништо не е сменето. Според него, ние треба да имаме судство кое ќе биде во склад со европските закони. Конвенцијата за заштита на човековите права е потпишана и од Македонија и, според него, тие станале дел од нашето законодавство.