На 21.09.2026 во 01:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.К.(71) од Велес.
Приведен е постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




