Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, објави ТВ 24. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвинителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.

Пенов е приведен по пријава на Игнатов. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше истотака цел на вербален напад од Пенов.