На 08.09.2026 во 20:20 часот во тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Р.Н.(46) од тетовско село.

Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговата снаа дека во двор од семејниот дом со тврд предмет ги нападнал неа и нејзината седумгодишна ќерка.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.