Голем број полицајци попладнево го опколија домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во скопската населба Козле.
Пред малку, специјалната обвинителка која вчера даваше исказ пред Обвинителството за криминалната афера Рекет, сама и без лисици влезе во едно од полициските возила.
Јанева, најверојатно ќе биде изведена пред судија на претходна пастапка која треба да одлучи дали ќе одреди притвор или не.
Приведувањето од полицијата било по налог на Јавното обвинителство. Полицијата претходно извршила претрес во домот на Јанева во Скопје, а наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларија на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.
Денеска во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.