Приведени се и сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, тврдат извори од МВР. Според информациите, при синоќешното приведување одземени се пет телефони, а ќерката и сопругата сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Неофицијално, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката, издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата утрово врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.