Полициски службеници од граничната полиција во Имотски го завршиле криминалистичкото истражување над 60-годишен Кинез со хрватско државјанство и друг 43-годишен Кинез, спроведено поради сомнеж за прекршување на јавниот ред и мир.
Имено, полициското истражување е врз основа на дојавата од 1 февруари годинава, тие на социјалните мрежи објавиле видео и фотографии на кои пеат песни и истакнуваат симболи со кои се нарушува јавниот ред и мир.
Утврдено било дека спомената содржина била снимена на улица и во угостителски објект во Имотски, а поради сомнение дека Кинезите го сториле наведениот прекршок, утрово биле спроведен во суд.
Спорната снимка која кружи на социјалните мрежи ги прикажува двајцата Кинези кои, поттикнати од тукашни граѓани, прво ја пеат навивачката химна „Неописиво“, а потоа со подигнување на деснта рака во воздух извикуваат „За дом спремни“.
Иако веројатно несвесни за значењето на извикот со кој го завршуваат својот музички настап, на двајцата Кинези понатаму тешко дека ќе им биде до пеење. Откако снимката се рашири по социјалните мрежи, еден од Кинезите очигледно се најде во проблем, токму како и 60-годишниот хрватски државјанин, чија улога во оваа приказна засега не е позната.