„Ненадеен пад на фреквенцијата на електрична енергија“ во електричната мрежа „во Источна Европа“, е регистриран вчера што беше решено со намалување на потрошувачката, се вели во соопштение на менаџерот на француската мрежа РТЕ.
Падот на фреквенцијата „резултираше со автоматско прекинување на потрошувачката на 16 француски индустриски локалитети“, што е „доброволно и според договорите“, посочува РТЕ. Тоа укажува дека „снабдувањето со електрична енергија на Франција не бара посебна будност засега“.
Истиот механизам за прекин беше активиран од операторот на мрежата за пренос на електрична енергија Терна.
„Ситуацијата се нормализира нешто пред 16:00 часот“, објасни РТЕ.
„Акцијата на РТЕ и индустриските компании поканети денеска придонесе за обезбедување на безбедноста на европската електрична мрежа и избегнување на ризик од прекин на електричната енергија во Франција и во Европа“, објави францускиот менаџер.
Во изјавата, се нагласува дека Entso-E, Здружението на оператори на европски преносен систем на електрична енергија (GRT) и европска GRT „ги проучуваат причините за овој инцидент“.