Многумина продолжениот новогодишен викенд решија да го минат на скијачките терени во македонските скијачки центри Маврово и Попова Шапка.

Како што објави порталот 24 Инфо, голема навалица има на Попова Шапка, каде гостите пешачат и по седум километри за да стигнат до скијачките патеки оти има паркирани возила по должината на целиот пат.