Секторот култура изминатите седум години со оваа власт на ДУИ и СДС, културно речено е катастрофа. Таман ќе помисли јавноста дека го допреле дното, тие наредната година покажуваат дека можат и подолу.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВРМО-ДПМНЕ. Соопштението подолу го објавуваме во целост:
Резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2024 година и oваа година се скандалозни. Имено реномирани фестивали, институции и установи едвај ќе крпат крај со крај, ама затоа власта дели енормни средства на анонимни лица, здруженија и манифестации кои или никој не ги слушнал или се формирани за еднократна употреба – да добијат државни средства.
Па така меѓународен форум добил помалку средства од физичко лице кое доаѓа од истиот град како и министерката Бисера Костадиновска за проектот „Азбучен споменар“ за кој министерството дало повеќе од 1.100.000 денари. Или пак, случајот со одобрените 30.000 евра за финансирање на активности на драмски фестивал во друга земја, во Косово, а во исто време домашните театри ќе преживуваат со средствата кои им ги одвојува министерството.
Во културата никогаш не било полошо како што е сега со оваа власт на ДУИ и СДС. Важно е оваа структура на власт да биде поразена.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ