Салата, гласи најкраткиот коментар од проф. Дарија Андовска, во врска со одлуката на Владата за продажба на државна парцела на фирмата на Елена Ковачевска, сопруга на премиерот Димитар Ковачевски, по цена за метар квадратен колку половина кутија цигари или еден килограм домати.
– Килограм домати 95 денари. За сите, богати и сиромашни. Метар квадратен државно земјиште 70 денари. Само за сопругата на Таче. Салата, објави Андовска на својот профил на Фејсбук.
Андовска е декан на Музичката академија во Скопје.