По лажниот костур на Филип II Македонски, следи неидентификуван костур на Самуил. Размена на грчко-бугарски артефакти кои имаат малку врска со самите нив, но служат на долгорочната антимакедонска политика, вели проф. д-р Виолета Ачкоска.
– Предлагам и ние Македонците да дадеме нешто. Еве , на пример, останките на Леонидас да ги поклониме на Хелада, а останките на Хан Аспарух на Бугарија, како знак на „заедничка историја“. Не е важно чии се коските. Ги имаме на тони и ќе си ги именуваме по потреба. Се за добрососедство, пишува во ироничен коментар на Фејсбук историчарката проф. д-р Ачкоска.
Повод за тоа е најновиот пазар на Софија и Атина со македонски црковни реликвии во замена за измсилени и научно недокажани мошти на Цар Самоил.




