Андреј Петров, уиверзитетски професор и поранешен функционер од СДСМ, во емисијата Ноќно студио на 4ТВ зборуваше за платформата „12.05“ и изјави дека во СДСМ се потребни промени потенцирајќи дека опозициската СДСМ на сите анкети има доверба околу 8% и додаде дека евидентно е дека на следните избори на СДСМ ќе и се случи катаклизма.

-Што е нашиот мотив? Ние не сакаме, на некој начин можеби е груб терминот, во ситуација која некој би рекол „како мршојадци чекате да изгуби уште еднаш“, бидејќи евидентно е дека ќе се случи катаклизма, евидентно е. На сите анкети СДСМ е 8%, 7%, некаде околу 100.000 гласа, во моментот е толку. Значи ако некој тврди дека е поинаку тој лаже.  И тоа не го зборувам јас, го зборуваат локалните избори последни кои ги видовме. Евидентна е ситуацијата каква е, кажа Петров.

Според Петров, опозицијата нема став за важни теми и оттука произлегла иницијативата за формирање на платформата „12.05“.

-Затоа што побргу да дојде до промена, шансите се и побргу да закрепне и СДСМ, меѓутоа едно здраво раководство на СДСМ да агрегира една силна опозиција околу себе разговарајќи со сите како да дојдеме до алтернативна опција на оваа власт, бидејќи власта си ја бркаат нивната работа. Тие се наши политички противници, имаат десни политики и тие го прават секогаш, тоа е реприза на сите нивни влади како десничарски политики кои ги промовираат. Не отстапуваат. И дури ако ги видите и регионално нивните десничарски позиции се исти. Гледајте тука, гледајте Словенија, Хрватска, гледате во повеќе земји каде што ги имаат отприлика тие политики. Ние треба да промовираме различни политики, не да влегуваме во нивната вода, во нивниот вир затоа што таму може само да се удави опозиција, а тоа не е место каде што може да се тоа направи, рече Петров.