Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме вирусот омикрон, тогаш која е целта на ковид-сертификатот во дадениов момент, прашува проф. д-р Нико Беќаровски.
Беќаровски предлага „да бидеме лидери во Европа барем во нешто“ и бидејќи омикрон покажа дека сертификатите немаат значење да бидеме во првите кои ќе ги суспендираат.
– Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат. Да 100 отсто точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место барање на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т.е. мерење на телесната температура. Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност, пишува Беќаровски на својот профил на Фејсбук.