Почитувани членови на Комисијата за заразни болести, ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државава, порача вечерва проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во Скопје.
– Сите ќе бидеме во изолација. Изолацијата на контактите при вака раширен омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост. Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена. Почитувани граѓани ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште повеќе од 5.000 кои се самотестирани и повеќе од 25.000 недијагностицирани. Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8 Март ќе може пак да играте чочеци, објави Беќаровски на Фејсбук.
Тој во постскриптум додава: За Flurona и Ihu некој друг дeн, премногу е за денеска.