Со госпоѓа Јотова, само во едно се согласувам – нема поубаво шеталиште од Широк сокак, се друго што кажа е дрскост и лага, вели хрватскиот професор д-р Горан Калоѓера во неговата реакција за посетата и изјавите на бугарската потпретседателка Илиана Јотова на Битола.
– Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина. Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература, вели Калоѓера.
А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса, додава хрватскиот професор, не е само провокација и дрскост, туку и историска лага.
– Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (да почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пи****ија“ од светски размери, исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници“, вели Калоѓера во неговата објава на Фејсбук.
Тој додава дека нема „намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и да уништи сѐ што е македонско“. Но, се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова.
Калоѓера е хрватски универзитетски професор и надворешен член на МАНУ.