Гледам некои интелектуалци го поддржуваат договорот и не можам да се изначудам, зашто народот такво нешто не побарал никогаш низ својата историја, наведува Илија Чашуле, професор по лингвистика на Универзитетот Меквори во Австралија.
„Проблемот не е толку во името, можеби Северна Македонија има доза на реалност (што значи грчката е јужна) и во некој друг свет би можело да го бара населението на Македонија. Но, суштината е дека народот тоа не го побарал никогаш низ целата историја и дека се работи за неофашистичка присила од страна на Грција како дел од грозоморна уцена“, наведува на својот Фејсбук профил професорот Чашуле, кој речиси 30 години живее и работи во Австралија.
Од погоре поосочените причини тој вели дека договорот не го прифаќа и додава дека во деталите на договорот има многу сомнителни формулации, со длабоки последици“.
„За мене најстрашни се одредбите каде Грција го презема правото да ни кажува како ќе го употребувме името Македонија и македонски, ни кажува дека ќе бидеме казнувани ако се интересираме за старата Македонија“, вели Чашуле.
Понатаму, тој објаснува дека согласно договореното, Грција е таа која ќе бира кои знамиња можат да се веат, ќе ни ги цензурира учебниците да ги обележиме како елински и слично.
„Еве зошто напишав дека фашизмот се повампирува во Македонија. И најстрашно, интелектуалците не можат да видат дека ова е суров удар врз македонското малцинство на кое по овој договор му се забранува поврзуванње на каков било начин со Република Македонија по цена на казна.
Западот и Европа истакнуваат дека се изградени врз слобдата на изразувањето и говорот. Одредбиве се бозочен напад врз слободата на изразувањето и би требало да бидат осудени од европските центри. Интелектуалци, каде сме сега“, прашува Чашуле и својот Фејсбук статус го завршува: „Ова е една од најсрамните страници во македонската историја“.