Вчерашната брутална интервенција на полицијата на хунтата очигледно не го уплаши народот кој вечерва повторно се собра пред Собранието на Република Македонија во Скопје за да го изрази револтот против преминувањето во Северна. Митингот помина мирно, провокаторите на сегашната УДБА денеска одмораа, па луѓето на раат можеа да протестираат без страв дека шок бомби и солзавец ќе им го нарушат редот.

Беше видливо дека денеска нема толку родители со деца, но тоа е слободата која во овој момент владее во Северна Македонија на Зоран Заев, неговата министерка која овој народ го смета за платенички и под психоза и неговиот шармер по надворшени работи, чии родители се сокриени во последната дупка на светот по објавувањето на то што зборувале и што пишувале за овој проблем.

На митингот имаш повеќе говорници, вообичаено тука беше и Ана Бобинкова, жена која еден ден ќе мора да влезе во учебниците (доколку се избориме повторно сами да ги пишуваме), Виолета Сековска и многу други без кои било каков протест за зачувување на Македонија веќе не може да се замисли.
Вечерва мирно помина протестниот собир, а на социјалните медиуми се уште се коментира вчерашното брутално пресметување на полицијата со учесниците на протестот и се објавуваат фотографии со повредени лица.
„Пропадна обидот на хунтата да инсценира македонски Мајдански масакр! Македонската револуција продолжува до падот на хунтата која раскрвави голораки жени и деца употребувајќи вооружена паравојска во фармерки и патики“, гласат коментари на „Фејбук“.
Има и други слични со осуди на бруталноста од полицијата во растурањето на протестот завчера.

Граѓаните кои петти ден по ред протестираат пред Собранието, порачаа дека против народ никој не може.

Извикуваа „Македонија, Македонија“ и дека од една предавничка тајфа народот е доведен до ѕид.

– Нашиот глас ќе стигне со секој, не е важно од каде е испратен. Сакаат од нас сакаат да создадат фашистичка творба, дете од епрувета да создадат. Нема тоа да го дозволиме, рече поранешната пратеничка Солза Грчева.

Таа порача дека нема да се одродиме од Македонците кои живеат во соседството.

– Го тестираат трпението на народот, но овој народ е камен и никој не може да го измести. Нема да се смириме додека не се распушти ова ненародно Собрание, сите до еден има да го напуштат, рече Грчева.

Таа, исто така потсети, на синоќешниот брутален налет на полицијата.

– Синоќа се случи нешто што не верував. Шок бомби беа фрлани кон овој народ. Па гледам дека никој не се уплаши, никој не се плаши ни од шок бомби, ни од етикети дека сме националисти, примитнвни, фашисти. Игранката е откриена, фашизмот е кај нив. Сакаат да создадат мртвороденче, фашистичка творба, непостоечко суштество сакаат да создадат. Да не се погребуваме на македонски православни гробишта, нема тоа да го дозволиме. Сакаат да не одродат од сите Македонци во соседството, рече Грчева.

Учесниците на вечерашниот протест повикаа на нов протест на исто место, утре во 11 часот.