Професорот Дејан Трајковски денеска објави дека од Ковид-19 ппочинала 17 годишна девојка.
-Денеска од Ковид-19 почина 17-годишна ученичка. Истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите. Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата, бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (намалување на ризикот) против заразување од само 20 отсто? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и умираат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е инечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки, пишува Трајковски.
Неофицијално, девојчето е од битолско, а како последица од коронавирусот починало во Скопје.