Вкупно 110 милиони евра платил народот лани за лекување во скопските приватни клиники Систина и Жан Митрев клиник, објави порталот Пари.
Во Аџибадем Систина лани граѓаните оставиле 77,5 милиони евра, а во Жан Митрев клиник 32,5 милиони евра. Во 2020 година, пак, во овие две болници се слеале 69,1 милион евра или 40,9 милиони евра помалку од лани. Ова го покажуваат податоците за приходите на здравствени установи кои порталот Пари ги обезбеди во соработка со БизнисМрежа.мк.
Во Македонија, според регулативата секој има здравствено осигурување, но корона-пандемијата го клекна здравствениот систем на колена, а приватните здравствени установи, каде што многумина побараа спас, тоа добро го наплатија. Во исто време на социјалните мрежи се објавуваа голем број апели за собирање пари за помош на болните.
Лани Аџибадем Систина на вкупен приход од 77,5 милиони евра направил нето-добивка (оданочена, чист профит) од 17,3 милиони евра.
Со 32,5 милиони евра приход, болницата Жан Митрев клиник минатата година направила нето-добивка од 9,2 милиони евра.
Пандемијата беше прогласена на 11 март 2020 година и оттогаш бизнисот на приватните болници одеше по нагорна линија, како се засилуваше пандемијата.
Извор: Пари