Првата клучна промена за која очекувам поддршка од сите политички партии е парламент со 90 пратеници. Следно кое што е многу важно, а тоа е она кое политичките партии го бараа тоа е Македонија како една изборна единица и очекувам дека сите парламентарни партии ќе се сложат и дека заеднички ќе ја направиме таа реформа со измена во Изборниот законик Македонија да биде една изборна единица со што ќе се овозможи и непречено гласање на дијаспората – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната програмска дебата на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните параментарни избори, Платформа 1198.

Тој најави реформа во министерствата, односно реорганизација и отворање на ново министерство за спорт.

Многу важна реформа која што е потребна за трансформација за самата влада е и реорганизацијата на самите министерства и институциите. Планираме отворање на едно ново министерство а тоа е министерството за енергетика рударство и минерални суровини и цениме дека е премалку еден сектор во министерството за економија кое многу слабо ја вршеше работата. За младите е многу важно да планираме министерство за спорт и досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во министерство за спорт, а секторот млади да го поврземе со едно ново министерство кое што ќе биде формирано, а ќе биде практично наследник на министерството за труд и социјална политика а тоа е министерството за социјална политика, демографија и млади, а делот од труд ќе биде поврзано со министерството за економија и труд. Она е кое е значајно за туризмот е да издвои да му се даде важност и да биде дел од министерството за култура. Исто така мораме да имаме поголема транспарентност, отчетност и мора граѓаните тоа што го очекуваат од администрацијата да имаат јасен увид каде се наоѓа и затоа ќе биде задолжено министерството за дигитална трансформација досега министерство за информатичко технологија и администрација – рече Мицкоски.

Тоа што најмногу интересира граѓаните е намалување на институциите и намалување на луѓето кои имаат и измислени улоги во рамките на тие институции, тоа е укинување на позицијата заменик директор.

Исто така многу е важно да имаме намалување на управните и надзорни одбори туку и да го намалиме бројот на учесници во тие одбори со што ќе се намали бесполезното трошење на народни пари, а тие средства ќе може да ги искористиме за нешто што е подобро за граѓаните.

Она кое што најмногу ги интересира граѓаните тоа е балансерот. Ова е исто така услов кој сака да биде во коалиција. Ние цениме дека е неправичен, фаворизиран, дискриминиран.

Тоа што е исто така важно колку сме и со што располагаме и за да имаме јасна точна и прецизна слика колкаво е резидентното население, со кое образование е резидентното население и мораме да направиме вистински дигитален попис на населението и домаќинствата – изјави Мицкоски.

Тој потсети на враќањето на довербата во судиите и обвинителите.

Многу е важно судовите и обвинителството да ја повратиме довербата зошто сега речиси непостои и е еднакво на нула и наша цел и задача е овој систем да го обновиме од почеток, а за да го направиме тоа мораме да почнеме од вистинскиот проблем а тоа е судскиот совет и советот на јавни обвинители, безусловно распуштање на овие две структури, а понатаму формирање на истите врз основа на вистински критериуми, критериуми кои ќе значат заштита на правдата.

Мицкоски нагласи дека една од алатките која ќе биде примената е да проверка на имотната состојба на сите обвинители и судии и да видиме како тие успеале со своите плати и плати да стекнат имоти за кои имаме индиции дека дел од нив поседуваат тие или нивните блиски семејства.

Нема да се толерира злоупотреба на службени возила за приватни цели и за да бидат јасно препознатливи за граѓаните, ќе воведеме специјални регистарски таблици за службени возила. Мечирање (споредување) на бази на податоци за проверка на имот и спречување на корупција, со што ќе направиме проверка на имотниот статус ќе за сите граѓани и јас со моето семејство се пријавувам да бидам прв меѓу нив – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.