Се исполни прогнозата на метеоролозите денеска. Снег врне на повисоките места низ целата земја, а особено снегот е добредојден во ски центрите во Македонија.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 9 сантиметри, 6 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Лазарополе.
Според видео камерите на „Skimacedonia“ може д а се забележи дека снег утрово се уште врне на Маврово, Попова Шапка, Копанки и Нижо Поле на Пелистер.
Снег има и во Крушево и Пониква, но во моментов таму нема нови врнежи утрово и истите беа само во текот на ноќта.
Попова Шапка
Снег утрово има и на планината Водно во Скопје, а од УХМР најавуваат нови врнежи во текот на денов и утре.
Нижо Поле
Копанки