Двајцата повозрасни гевгеличани кои се загубиле додека планинареле на планината Кожуф се пронајдени, информираат нивни блиски, пренесе Република.

Двајцата се чувстуваат добро. Во потрагата учестуваа полицијата и ловечките друштва кои добро го познаваат теренот.

Претходно информиравме дека денеска двајца граѓани на Гевгелија се загубиле на планината Кожуф, на патот кон месноста Круша, за што е известени полицијата и противпожарната единица.