Калифорнискиот финансиски регулатор – Комисијата за финансиска заштита и иновации (DFPI) објави дека ќе го преземе управувањето со проблематичната банка First Republic Bank. Тоа е трета голема американска банка која пропаѓа за само два месеци.
DFPI и нареди на Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) да управува со банката и во исто време објави дека ја прифаќа понудата од JPMorgan Chase Bank да ги преземе сите депозити на банката.
Договорот за First Republic, кој имаше имот од 229,1 милијарди долари од средината на април, доаѓа помалку од два месеци по банкротот на Silicon Valley Bank и Signature Bank , по доброволната ликвидација на Silvergate фокусирана на крипто средства.