Македонија не ја доби ветената просечна плата од 500 евра, што беше предизборното ветување на СДСМ и Зоран Заев и таа е далеку од остварување пред истекот на мандатот на оваа владејачка гарнитура, но во Србија тоа веќе е реалност и сега се ветува просечна плата од 900 евра.
Во оваа соседна земја во март на вработените е исплатена просечна плата од 510 евра.
– И тоа без зголемувањето на платите на медицинарите и среде кризата со Ковид-19, нагласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Шефот на српската држава верува дека до 2025 година просечната плата во Србија ќе достигне 900 евра, под услов „ако се сочуваат мирот и безбедноста“.
Исплатената просечна нето-плата по вработен во Македонија во март изнесуваше 26.422 денари или 428 евра.