Српскиот претседател Александар Вучиќ многу се интересираше за спомениците од проектот Скопје 2014 при вчерачната прошетка низ главниот град на Македонија.
На прошетката со Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и Зоран Заев, домаќин им беше градоначалникот Петре Шилегов, кој се фалеше со своите проекти, но Вучиќ повеќе се интересираше за градбите и спомениците од проектот Скопје 2014, отколку новите плочки на кејот што ги постави Шилегов. Сигурно на Заев и Шилегов не им е многу драго кога од гости слушаат пофални зборови за градбите кои тие сакаат да ги уриваат, односно дојдоа на власт со такво ветување.
Српскиот претседател се потсети дека како млад доаѓал во Скопје и констатира дека градот е многу сменет. Тој рече дека сега во Белград е тренд изградбата на фонтани и монументи, па на прошетката постојано се интересира кога се градени спомениците кои ги среќаваа движејќи се на кејот и плоштадот.
– Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја „Тропикана“. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде, рече Вучиќ.
Новинарката од ТВ Пинк, која врши директен пренос од прошетката, го прашува македонскиот премиер „каде се наоѓа кафулето кое го споменува српскиот претседател“, на што Заев одговара дека не знае.
– Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно, одговори на српски Заев.
Погледнете го целото видео од прошетката низ Скопје на српската ТВ Пинк, во која Шилегов и Заев како „туристички водичи“ ги објаснуваат спомениците.