Со почеток во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи нов протест пред Владата.
Како што информираат од партијата, поаѓањето на протестот ќе биде во 17:30 часот од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.
-ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија. Оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.