Пекинг официјално испрати протест до САД поради наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден за ограничување на технолошките инвестиции во Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
– Кина е крајно незадоволна и силно се спротивставува на инсистирањето на САД за воведување ограничувања на инвестициите во Кина, рече портпаролот на Министерството.
Бајден вчера потпиша извршна наредба со која ќе се блокираат и регулираат американските високотехнолошки инвестиции кои одат во Кина за напредни компјутерски чипови, микро-електроника, квантни информатички технологии и вештачка интелигенција.
Претставници на американската администрација рекоа дека причината е националната безбедност, а не економскиот интерес.