Уа предавници, уа бандити, извикуваа насобраните граѓани на протестот пред Кривичниот суд во Скопје, каде денеска за тероризам им се суди на уметници, пратеници, политичари и други патриоти. Нивната вина е тоа што се спротиставија на рушењето на Уставот и законите во Република Македонија, во познатите настани од 27 април 2017 година во Собранието, кога надвор од законската процедура беше избран претседател на парламентот.
На протестот пред судот имаше повеќе истакнати пароли а една од нив беше: „Македонски патриоти ги обвинува учесник во шарената револуција – Вилма Русковска (шарена обвинителка). Изземање и оставка!“
Меѓу 29 обвинетите оперскиот пејач Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски, како и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, пет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, водачите на здружението „За заедничка Македонија“ и други патриоти.
Тие се обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“, а предметот ќе го суди судијката Добрила Кацарска.
При доаѓањето на обвинетите во судот беа пречекани од поголем број граѓани кои бучно протестираа пред судот. Тие со македонски знамиња се собраа за да им изразат поддршка на обвинетите. Од сканидрањата може да се чуе „Уа предавници, уа бандити“.
Предметот ќе го води судијката Кацарска, која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од две години за набавката на „мерцедесот“ во кој сега се возат функционери на актуелната власт и високи странски гости кои доаѓаат во Македонија.
Кацарска закажа вкупно 38 рочишта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.