Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ денеска протестираат пред Владата на премиерот Димитар Ковачевски, барајќи да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.

Владата и актуелната власт, која го сруши „режимот на Груевски“, а потоа и оградата од ковано железо околу Владата. Сепак, протестите и штрајкувачите, и денешнава „демократска власт наспроти режимот“ не ги пречекува неоградена и со отворени порти. Напротив и денес власта од незадоволните работници се оградува со специјалната и грда полициска ограда, каква што стои и при денешниот протест на Колска.

Тие вчера претпладне го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.

Директорот на „Колска“ Мите Јанков вчера во изјава за МИА истакна дека е потребно да се одблокира сметката за да можат да набават репроматеријали и да платат струја и други комунални трошоци.

– Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега  ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, изјави вчера Јанков.

Во моментот во работилницата на „Колска“  имаат 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година. „Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.

 

Актуелната владејачка гарнитура дојде на власт со популистички најави за уривање споменици, уривање огради за да биде поблиска до граѓаните, поставување електронски бројач на Плоштадот Македонија, за парите што ги „украл режимот, а демократската власт“ ќе им ги врати на народот и граѓаните… Од сите овие популистички продукти од шарената револуција и шарените лаги, народот најефектно ја почувствува само придобивката од укинување на „режимската“ радиодифузна такса од 130 денари, која не ја плаќа од џеб, туку преку буџетот кој го полни.

(Д. Г.)