Денеска пред Министерство за здравство, во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се одржа протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“.
Учесниците на протестот беа снимани и фотографирани преку прозорците од просториите во министерството.
На протестот беа истакнати повеќе пароли до министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев за ситуацијата во која е доведена Македонија со енормно голем број на заразени и починати од коронавирусот.
На протсетот се обратија повеќе говорници кои упатија критики поради негрижата на власта за здравјето на граѓаните.