Неколку илјади граѓани од повеќе градови од Босна и Херцеговина денеска протестираа во Вуковар поради непроцесуирање на делата за воени злосторства.

На протестот, кој започна со интонирање на хрватската химна, присуствуваа сегашни и поранешни функционери и членови на ХДЗ.

Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава, кој и покрај противењето на премиерот Андреј Пленковиќ, го организираше протестот, и рече дека граѓаните се собрале во Вуковар за да кажат „доста е“.

Тој најави дека ваков собир ќе се организира и на 12 октомври следната година.

Полицијата не соопшти колкав бил бројот на присутните, ниту, пак, дали имало инциденти на протестот.