Активисти против отворањето на рудникот Иловица-Штука денеска организираа протестен моторизиран караван низ улиците на Струмица и населените места.
Според организаторите, ова е предупредувачки протест и показна вежба што евентуално би можела да се трансформира во целосна децентрализирана блокада на цел Југоисток во блиска иднина, доколку, како што велат, Владата не ги уважи законите и јасно изразената волја на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот Иловица-Штука.
-Сакаме да упатиме порака дека нашата убава котлина не треба да дозволиме да се загади и да овозможиме идните генерации да го уживаат овој благодет во кој ние и моментно уживаме, да ја зачуваме здравата животна средина. Доколку дозволиме да се отвори таков рудник проекциите од светски рамки се дека се потребни две илјади години за да се врати средината во нормала, односно да се создадат нормални услови за живеење, рече Цветанчо Ѓоргиев од село Ново Село.
Карванот се состоеше од автомобили и мотори кои поминаа околу 60 километри по определена рута