Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе одржи протести со возила во три града во Република Македонија.
Протести покрај Скопје, ќе има и во Охрид и Прилеп против, како што информираат од партијата, мафијата на Заев и поскапување на струјата.
Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, притоа секој со себе да носи лична заштитна опрема.
На мапите се објавени рутите за движење на возилата за време на протетстите во трите града.