Алжирските безбедносни сили уапсија 195 лица за време на протестите против одлуката на 82-годишниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика да се кандидира за петти мандат.

Како што велат, основите за апсење се прекршувања, како што се грабежи.

Десетици илјади граѓани излегоа вчера на протестите во Алжир, барајќи од Бутефлика да ја напушти власта по 20 години.

Бутефлика во четвртокот ги предупреди демонстрантите дека мирните протести против неговата одлука да се кандидира по петти пат како претседател на земјата може да преминат во „хаос”.

Бутефлика (82), кој е на власт од 1999 година, се појави јавно само од 2013 година, кога претрпе срцев удар. Тој во моментов е во Швајцарија на медицински прегледи.