Во Софија и други градови во Бугарија вчера се одржаа протести за заштита на бугарскиот лев.
Демонстрантите бараат зачувување на националната валута – лев, референдум за еврото и оставка од Владата.
Протести имаше и во Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол.
Организаторите на протестот ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на 8 јули, кога се очекува конечното решение за членство на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година.
фото: ЕПА