Поради зголемувањето на цената на природниот гас во повеќе градови во Казахстан беа организирани протести.
Цената на природниот гас е зголемена за 50 проценти поради што граѓаните излегоа на улица во Жанаозен и во најголемиот казахстански град Алмата.
Протести имаше и во главниот град на Казахстан, Нур Султан, каде имаше судири помеѓу демонстрантите, при што се приведени повеќе лица.