Вечерва ВМРО-ДПМНЕ протестира во 11 градови низ државата. Меѓу нив и во Кратово и Крива Паланка. Според порталот Курир, демонстрантите излегле на улиците да го покажат незадоволството од владеењето на СДСМ и мафијата на власт. Велат дошле да ја одбранат Македонија од душманите од оние кои не и мислат добро на државата, а тоа е токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Еве дел од атмосферата:
Учесниците на протестот во одделни обраќања побараа веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.