Неколку илјади Курди синоќа се собраа на традиционалните протести кои секоја година се организираат во Стразбур со барање за ослободување на нивниот лидер Абдула Оџалан, кој во затвор во Турција издржува доживотна казна.

Полицијата соопшти дека на улиците во Стразбур имало околу 4.200 демонстранти, додека организаторите рекоа дека се собрале околу 12.000 Курди.

– Одлежа 21 година затвор и во текот на тие 21 година го поддржуваат милиони луѓе, изјави Аџит Пола, портпарол на Демократскиот совет на Курдите во Франција.

Курдите секоја година, од неговото апсење на 15 февруари 1999 година, одржуваат протести со кои бараат ослободување на Оџалан.

Турските власти го осудија на доживотен затвор поради тероризам, а затворен е во затвор на островот Имрали во близина на Истанбул, каде што, според француските медиуми, е во целосна изолација.