Светиниколските пензионери денеска на плоштадот ги донесоа старите чевли. Тие велат дека со оваа слика денеска порачуваат оти со ниските пензии не можат да си дозволат да си купат ниту еден пар нови чевли. Протестот го започна со марш на кој ја изведуваа македонската химна.
Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите во Свети Николе вели дека не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.
-Ние денеска се собравме да го изразиме нашето незадоволство оти веќе четири месеци сме по улиците ама сите се глуви на нашите барања. Наредниот петок на 1 декември пред Собрание ќе протестираат пензионерите од цела Македонија, изјави Станојков.
Антикризните мерки од Влада за нив се неприфатливи, и порачаа надлежните да размислат повторно за нивните барања, оти на изборите за неколку месеци се ќе зависи од нивните гласови.
Пензионерите од Свети Николе денеска повикаа на масовност на протестот во Скопје, со цел да се слушнат и исполнат нивните барања.
Фото: МИА