Левичарската партија „Неосвоена Франција“ (ЛФИ) ќе предложи во парламентот да се откаже од контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон.
Левичарската партија „Неосвоена Франција“ (ЛФИ) ќе предложи во парламентот да се откаже од контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон, со која старосната граница за пензионирање се зголеми од 62 на 64 години, најави главниот претставник на партијата во Долниот дом.
Напуштањето на реформата чија цел беше заштита на државните финансии и зголемување на продуктивноста е еден од главните проекти на француската левица, која по изборите во јули се наметна како најсилна политичка сила, иако без мнозинство.
„Денеска ќе поднесеме законски предлог за напуштање на пензиските реформи“, рече Матилде Панот, која ја предводи ЛФИ во Долниот дом на Националното собрание.
Донесувањето на овие мерки минатата година предизвика бурни улични протести и големо противење од работниците.
Предлогот на ЛФИ, за кој најверојатно нема да се гласа до септември, потребна е поддршка од другите политички опции за негово усвојување.
Десничарскиот Национален собир, исто така, повика на намалување на старосната граница за пензионирање во својата кампања, на што се спротивставија центристичкиот блок на Макрон и другите партии од десниот центар.