Противникот на МЗТ Скопје Аеродром во ФИБА Европа купот – Ираклис попладнево претрпе пораз во дуел од првото коло од грчкото првенство. Тимот од Солун загуби во дербито на колото од Олимпијакос со 68:78. По водството во првата четвртина од 25:15, Олимпијакос ја доби втората четвртина со 31:11 беше решавачко за победата.

Во второто полувреме двете екипи добија по една четвртина со 18:14.

Дуелот од првото коло од ФИБА Европа купот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Ираклис се игра во вторник (6.октомври) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.